X
 15.06.2015 Живот

Човекот кој разговарал со најсреќните парови во светот ги открива најдобрите љубовни совети

Нејт Бегли бил уморен од слушање љубовни приказни кои можеле да бидат ставени само во две категории - скандал и развод или нереалистична бајка. Затоа, тој започнал да собира донации и ја искористил заштедата за да направи пауза од „нормалниот живот“ и да патува низ земјата.


Целта на неговото патување се разговорите со парови кои се во среќни врски. Сè што учел од патувањата го споделувал на „Редит“.

- Разговарав со хомосексуални парови, хетеросексуални парови, богати парови, сиромашни парови, религиозни парови, атеистички парови, парови кои биле заедно кратко време и парови кои се заедно со децении - вели тој.

Овие разговори планира да ги искористи за составување документарен филм, а многу од нив веќе се објавени на интернет. Кои се најдобрите совети кои ги научил од патувањата?

За работите кои ја прават врската успешна

Најсреќните парови со кои разговарал секогаш биле составени од емотивно здрави и независно среќни индивидуалци. Овие луѓе се сакале самите себеси пред сè. Тие се однесувале кон себеси на ист начин како и со партнерот. Тие знаат како да простуваат и се свесни за своите грешки во секој конфликт.

Потоа, среќните парови се посветени едни на други. Тие знаат дека имаат поддршка од партнерот во најтешките моменти. Среќните парови имаат меѓусебна доверба.

Најдобриот совет кој го добил

Кога станува збор за најдобриот од сите совети кои ги добил, Бегли вели:

- Една жена во Џорџија ми даде одличен совет. Таа и нејзиниот сопруг се во брак повеќе од 60 години и откако ја замолив за совет, таа направи пауза и рече „да не се плашам да бидам оној кој сака најсилно“.

За најдобриот начин за решавање несогласувања

Голем дел од среќните парови изјавиле дека не се расправаат за да победат. Нивната цел е да го решат проблемот, не да се натпреваруваат кој е поумен во расправите. Најчесто, она за што паровите се расправаат не е вистинскиот проблем кој ги мачи. Бегли советува да се поставуваат искрени прашања и да се согледуваат вистинските проблеми зад одговорите наместо да се расправа.

Омилениот разговор

Една изјава Бегли ја издвојува како омилена:

- На крајот на неговиот живот сакам да каже дека јас сум најдоброто нешто што му се случило и дека е подобар човек бидејќи ме сакал. Тоа е целта со која живеам секој ден. Така сакам да го сакам овој човек.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот