X
 15.07.2015 Живот

Студент платил паркинг казна со 14.000 пени во знак на протест

1

 

Студент кој одбил да плати казна за паркинг на чуден начин протестирал против казната - обидувајќи се да плати со 14.000 пени.


Случајот на Стивен Којл станал интернет хит откако тој одбил да плати казна од 140 долари на лице место - изречена од Универзитетот на Северна Каролина во Шарлот.

Наместо тоа, тој собрал пени во кошници со цел да докаже поента за тоа како универзитетот собира пари преку парични казни. Поради тоа, тој основал страна за собирање на финансиски средства за да им помогне на студентите од универзитетот на начини на кој тој чувствува дека тој може.

26 годишното момче кое е потпретседател на математичкиот клуб на универзитетот, го истражувал системот за казнување на UNNCC и дознал дека 80% од средствата собрани од казни одат за финансирање на локалните јавни училишта, наместо за самиот универзитет.

Но, пронаоѓањето на 14.000 пени не беше лесна задача и тој признава дека пет пати одел во банката за да добие пет кутии по 25 долари што е еднакво на 2.500 пени, а на вработените им биле потребни 3 часа и 40 минути за да ги пребројат.

„Ние сме студенти кои се фискално најпредизвикана група на луѓе - ние им ги дополнуваме џебовите за финансирање на јавните училишта кога всушност тоа е одговорност на даночните обврзници. Според мене ова не е соодветна употреба на приходот од паркинг казните“.

Откако истакна што му е потребно на универзитетот, вклучувајќи одржување на училниците и реновирање, Стивен вели дека целта е да собере 1.000 долари за академски ресурси за UNNC статистичкиот клуб кадешто тој е благајник. Досега има собрано околу 65 долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот