X
 07.11.2015 Економија

Како се збогатил Ворен Бафет?

Ворен Бафет (85) има 70 милијарди долари. Тоа го прави трет најбогат човек на светот. „Тајм“ направи анализа за неговиот живот и начин на работа за да заклучи како тој стигнал до своите милијарди.


Се наведуваат некои фактори кои влијаеле на неговото збогатување:

1. Кога имал 10 години си ги зацртал животните цели и заедно со својот татко бил на ручек со брокер од берзата во Њујорк.

2. На 11 години ја купил првата акција.

3. Кога бил тинејџер заработувал повеќе од својот наставник, вкупно 175 долари месечно, разнесувајќи весници.

4. Заработил 53.000 долари кога имал само 16 години.

5. Бил одбиен кога аплицирал на „Харвард“.

6. Неговиот идол Бенџамин Греам одбил да го вработи на почетокот на кариерата.

7. Потрошил 100 долари за да заврши курс за јавно говорење.

8. Во 1956 година, својата куќа ја платил 31.500 долари. Денес домовите во неговата населба чинат милиони.

9. Бафет нема компјутер на својата работна маса и користи обичен мобилен телефон, не смартфон.

10. Во текот на својот живот испратил само еден и-мејл, и тоа на Џеф Рајкес во „Мајкрософт“.

11. Тој игра бриџ 12 часа неделно, најчесто со Бил Гејтс.

12. 80% од својот ден го посветува на читање.

13. Секој ден пие големо количество „Кока-Кола“.

14. 99% од своето богатство го заработил по 50-от роденден.

15. Неговото богатство е поголемо од БДП-то на Уругвај.

16. Досега донирал повеќе од 20 милијарди долари.

17. Во текот на 2013 година, дневно заработувал 37 милиони долари.

18. Од компанијата „Беркшир Хатавеј“ годишно заработува 100.000 долари.

19. Луѓето се подготвени да платат милиони долари само за да вечераат со него.

20. Не смета дека парите се еднакви на успех. Тој го мери успехот по тоа колку го сакаат луѓето, а „најдобар начин да ве сакаат луѓето е да бидете пријатни“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија