X
 15.08.2015 Живот

Какво време не` очекува овој викенд? Од понеделник мал пад на температурите



Во Македонија во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста и развој на нестабилна облачност која во попладневните и во вечерните часови ќе услови врнежи од дожд претежно во западните како и во крајните источни и североисточни предели.

Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен слаб југозападен и западен ветер. Утринските температури од 11 до 22 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 27 односно до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста, па можно е сосема малку и на кратко да заврне Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 36 степени.

Во недела во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во попладневните и во вечерните часови ќе постојат услови за локална нестабилност и врнежи од дожд. Максималните температури ќе се движат од 27 до 38 степени.

Во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност, а попладне услови за локални врнежи се очекуваат во североисточните предели. Дневните температури во опаѓање и ќе достигнат до 23 односно до 34 степени.

Во вторник и среда не очекуваа посвежо утро со утрински температури кои ќе се движат од 8 до 21 степени. Во текот на денот претежно сончево и потопло. Максималните температури ќе достигнат до 24 односно до 36 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот