X
 10.05.2015 Живот

Какво време не очекува денеска и наредните неколку денови

И вториот ден од викендот ќе го започнеме со умерено облачно време со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Локално можна е појава на невреме.


 

Во понеделник ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и посвежо со пад на дневните температури. Во доцните попладневни часови врнежите ќе престануваат. Утринските температури од 8 до 16 степени, а максималните дневни од 12 до 18 степени.

Од вторник, не очекува период на стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.

Во вторник претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 16 до 25 степени, а во среда сончево и потопло.

Извор: weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот