X
 30.09.2015 Култура

Писмото со кое Робин Вилијамс се залагал за образованието на колешка од "Mrs. Doubtfire"

Помина една година откако го загубивме Робин Вилијамс, еден од најдобрите актери на сите времиња. Неодамна, на интернет започна да кружи ова писмо, напишано во име на неговата млада колешка во периодот кога се снимал „Mrs. Doubtfire“.


Имено, Лиса Џакуб ја имала улогата на најстарата ќерка на Вилијамс во филмот. Таа била избркана од нејзиното средно училиште бидејќи пропуштила настава во период од 5 месеци. Вилијамс го контактирал училиштето преку ова писмо.

Во писмото, Робин објаснува дека Лиса е паметна млада дама која сака да учи и дека студент како неа треба да биде охрабрен да оди во светот и да учи преку нејзината работа, а потоа да се врати во училницата и да ги сподели искуствата, со што ќе ги мотивира своите соученици да бидат поуспешни.


Актерката го споделила искуството на нејзиниот блог денот кога почина Вилијамс. „Робин застана за мене. Јас имав само 14, но веќе сфатив дека бев во индустрија која е полна со бодежи во грб. И јасно беше дека Робин ми го чува грбот“, напишала таа.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура