X
 15.01.2016 Живот

Зошто Леонардо ди Каприо никогаш не се ожени?

41-годишниот актер е еден од најпознатите ергени во Холивуд, а својата титула ја потврдил со прекинувањето на последната врска со манекенката Кели Рорбах, со која бил во врска од јуни.



Таа не е единствената убавица со која актерот бил во врска. Меѓу неговите поранешни девојки се и Жизел Биндшен и Бар Рафаели. Новинарот од „Ролинг стоун“ за време на интервју со актерот го прашал зошто досега не се оженил. Одговорот на Леонардо бил непрецизен.

„Дали мислите дека сакам да растам деца во свет како овој? Ако се случи, нека се случи. Не сакам да зборувам за деталите бидејќи знам дека потоа погрешно ќе ме цитирате. Сигурно некој погрешно ќе ја разбере мојата изјава за тоа како се чувствувам.“

Леонардо изјавил дека е подготвен да се фокусира само на филмските улоги и борбата за заштита на природната средина. Тој моментално и снима документарен филм на таа тема.

Неговата страст за природата е и една од причините поради која ја прифатил улогата за „The revenant“, која му донесе и Златен глобус.

Извор:4eddu.com

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот