X
 02.10.2015 Живот

Прогноза за викендот што следува и какво време не` очекува на стартот од наредната недела?



Во петок по студеното и магловито утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Зголемена облачност се очекува во западната Македонија. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен и источен ветер. Утринските температури ќе се движат од 3 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 13 односно до 25 степени.

Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 10 степени, а максималната дневна ќе достигне до 22 степени.

Во деновите од викендот не очекува претежно сончево и потопло време, но утринските и температурите во текот на ноќта ќе бидат пониски, особено во сабота кога утринските температури ќе се движат од 4 до 13 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 15 односно до 27 степени.

Во недека максималните температури ќе се движат од 17 до 29 степени. Во понеделник претежено сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста која во западните предели ќе услови врнежи од дожд. Дневните температури од 17 до 29 степени. Во вторник претежно сончево со локална облачност и благ пад на максималните температури кои ќе се движат од 16 до 27 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот