X
 05.07.2017 Живот

Временска прогноза за наредните денови: Следува пораст на температурите

Денес е среда, 5 јули 2017 година, 186-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:59, а ќе зајде во 20:14 часот. Денот ќе трае 15 часа и 15 минути.

Под влијание на антициклонска циркулација ова утро во Македонија имаме претежно сончево но и температурно посвежо утро.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро, во текот на денот ќе биде сончево и топло време со пораст на дневните температурите кои што ќе се доближат до просекот за овој период од годината. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер кој ќе достигнува брзина и до 15 км/ч. Утринските температури од 7 до 19 степени, додека пак максималните дневни температури утре ќе се движат во интервал од 22 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде претежно сончево и топло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна до 31 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток потопло утро со утрински температури од 8 до 18 степени, додека пак во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со дневни температури кои што ќе се движат од 24 до 35 степени. Во петок и сабота сончево и топло време со пораст на температурите, утринските од 10 до 20 степени односно од 11 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури во петок од 25 до 36 степени, додека пак во сабота од 28 до 38 степени. Во недела во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време, попладне со услови за зголемување на облачноста и услови за развој на нестабилност која што во доцните попладневните и во вечерните часови може да услови слаби и локални врнежи од дожд. Минималните температури од 12 до 22 степени, а максималните дневни од 28 до 38 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот