Студентите во Република Македонија за прв пат оваа година имаа
можност да ги одберат своите омилени брендови, распоредени во
вкупно 19 категории производи/услуги во истражувањето спроведено
од страна на STUBRAND. Во 2015 година, од вкупно 291 брендови, за
македонските студенти најпозитивен имиџ имаат брендовите Стоби
флипс, Nescafe, Европа и www.fakulteti.mk, а најнегативен имиџ имаат
брендовите ТВ Сител, Македонски железници, Канал 5 и Горско.
Прашалникот го одговорија вкупно 342 студенти одбрани по случаен
избор од скоро сите градови во Република Македонија. Истиот беше
достапен преку официјалната веб-страна
(www.stubrand.com),
Facebook страницата, како и преку банери и реклами на реномираните
електронски медиуми.
Резултатите од истражувањето имаат голема вредност за многу компании. Имено, со мерење на
имиџот на нивните брендови, тие добиваат сознанија и за степенот на задоволство, доверба и
лојалност на студентите кон нив, изразена преку намерите за повторни купувања и позитивни
усни препораки. Овие показатели, заедно со споредбата во однос на главните конкуренти,
добиени директно од страна на новите генерации потрошувачи (на возраст од 18-27 години), се
исклучително важни за креирање идни стратегии за репозиционирање на имиџот на брендовите,
во насока на одржување на нивната краткорочна, но пред сѐ догорочна профитабилност.
Настанот за свечено доделување награди и промоција на најдобро-рангираните брендови ќе биде
организиран од страна на STUBRAND до крајот на календарскава година.,Истиот ќе биде и одлична
можност за вмрежување на најуспешните компании кои се сопственици на брендовите и
најуспешните студенти, со двостран бенефит.
Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ) е лиценцирана да го
реализира истражувањето на STUBRAND во 2015 година во Република Македонија.