X
 11.06.2019 Живот

Со специјално изненадување во Скопје се прославија 60 години на легендарниот модел Mini

Во саботата, 8-ми јуни, на плоштадот Делфина во населба Влае - Општина Карпош, Скопје, здружението Класик Мини го прославија 60-тиот роденден на легендарниот бренд и модел Mini.

Овој настан се реазлизираше со изложба на голем број постари автомобили Мини Морис од нашата држава, но исто така и понови модели кои се наследници на оригиналното Мини. На настанот исто така присуствуваше и официјалниот увозник на Мини во нашата држава - М-кар кои го претставија новиот Mini Countryman Plug-in Hybrid.

мини

Покрај целата изложба, како изненадување од еден од поддржувачите на овој настан, студентите од Меѓународен Славјански Универзитет заедно со Олдтајмер клубот од Свети Николе, го претставија нивниот проект на кој работеа во последниот месец.

Посетителите беа изненадени со зелено-црно Мини кое беше изработено по модел на она од познатата серија Мистер Бин, која ја возеше истоимениот лик. Навистина интересен примерок кој не остана незабележан од посетителите, посебно од помладите генерации.

мини

Инаку овој автомобил има огромно значење за светската автоиндустрија, а како што организаторите изјавуваат: „Мини не е само еден долгогодишен бренд, туку тоа е револуционерен автомобил кој целосно ја има променето автомобилската индустрија, поради неговиот дизајн, практичност и механика. Токму и затоа тој е прогласен за еден од најпопуларните автомобили за 20-тиот век. Иако тој потекнува од Англија, Мини е популарен и во голем број други земји, а така е и со просторите на поранешна Југославија каде што и се произведувал овој бренд“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот