Денес во рамките на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и официјално се означи почетокот на имплементацијата на програмата на Мајкрософт „Students & Teacher Advantage Program”.
Со оваа програма, ФИНКИ на сите студенти и професори им обезбедува бесплатна верзија на Microsoft Office 365 ProPlus. Преку оваа програма сите студенти и вработени ќе имаат пристап до најновата целосна верзија на Microsoft Office без дополнителни трошоци, а која вклучува најнова верзија од Word, Excel, PowerPoint, OneNote и многу други програми. Секој студент или вработен во ФИНКИ ќе може да инсталира Microsoft Office 365 ProPlus на најмногу 5 компатибилни компјутери или Mac-ови, плус 5 таблет компјутери, со што се овозможува пристап до сите Office документи, како на факултет така и дома. Исто така сите студенти и вработени ја имаат можноста за 1 терабајт OneDrive складирање и синхронизација на датотеки во облак. Освен тоа, со Office 365 ProPlus професорите можат да ги искористат предностите на големите Office апликации, како Office Микс (додаток на PowerPoint) со кои можат да ги снимаат и да ги објавуваат предавањата и да се револуционизира учењето со употреба на OneNote бележникот (One Note Class Notebook) кој им помага брзо да се постави личен профил за секој студент, библиотека за материјали и простор за лекции и креативни активности, сите во рамките на еден моќен OneNote бележник.
“Инвестицијата во образование е најдобар влог во иднината. Анализите на IDC, покажуваат дека студентите оспособени со Office вештините се подобро подготвени за работа во професионалниот свет, полесно наоѓаат работа, поефикасно ги извршуваат секојдневните работни обврски, и се попродуктивни, што позитивно влијае на нивниот напредок во кариерата. Преку програмата на Мајкрософт “student advantage” Office програмите се достапни на сите студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, а кои се надеваме дека ќе им помогнат како во текот на студирањето, така и понатаму во животот. Само со учење, напорна работа и примена на технолошките иновации студентите, како и пошироката заедница може брзо да се развива, а луѓето поквалитетно да живеат. Информатичката технологија треба да биде силна алатка, која ги зголемува потенцијалите на индивидуите и ја поттикнува нивната креативност”, изјави г. Стефан Плавјански Директор на Мајкрософт Македонија.