X
 13.11.2015 Наука

Зошто луѓето плачат?

Од сите животински видови, луѓето се единствените кои плачат како одговор на чувствата (можеби и слоновите и горилата). Другите цицачи и крокодили кои плачат, пуштаат солзи за да ги заштитат очите. Зошто луѓето се оние кои плачат поради чувствата?


Постои позната теорија според која плачењето е еволуирана реакција која се развила кај луѓето како начин за создавање поврзаност со другите и намалување на конфликтите меѓу луѓето. Според еволуцискиот биолог Орен Хасон, плачењето пречи во функционирањето на еден од највредните работи кај човекот - видот. Со ставањето на човекот во ваква состојба, другите го гледаат како помала закана.

„Може да покажете дека се предавате пред напаѓачот и потенцијално да добиете милост од непријателот или може да предизвикате сочувство кај другите и стратешки да бидете во предност“, објаснува Хасон за „Live science“.

Потоа, разбирањето на менталната состојба на другите е основна во создавањето поврзаност во комплицираните општества, објаснува „National public radio“.

Конечно, Роберт Р. Провин, професор по психологија и невронаука, смета дека солзите можеби имаат здравствени поволности за очите. Според него, тие може да се појавиле некаде во еволуцискиот пат како лек за емотивниот, но и физичкиот стрес.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука