X
 16.11.2015 Образование

Се` што треба да знаете за новиот модел на приемниот испит во Америка

сат

 

Новите стандардизирани тестови пристигнуваат со нов бран на храбри ветувања. Одборот на колеџи изјави дека неговите редизајнирани тестови за прием повеќе нема да содржат мистерии. Наместо да бидат загатки за решавање, тие ќе кореспондираат со средношколскиот наставен план и програма, и подобро ќе се одразуваат на она што го научиле учениците.


Во духот на добрата подготовка, новите приемни тестови, кои ќе започнат од март, ќе изгледаат многу поразлично од досегашната верзија. Наместо три дела, тие ќе имаат два: математика и читање врз основа на докази и пишување. Секој дел ќе биде бодуван на скала од 200 до 800. Повеќе нема да има казни за погодување, а бројот на можни одговори ќе се намали од 5 на 4. Есејот кој во сегашната верзија е задолжителен, ќе биде изборен.

Што се однесува до содржината, преработениот тест влече материјал од наставната програма наречена „Common Core“. Овие стандарди ја наггласуваат интерпретацијата на текстови, вокабуларот кој се користи на факултет и во кариерите и математичките вештини.

Промените добија мешана критика. Некои експерти за тестирање кои ги проучувале прашањата ги опишуваат како порелевантни, а други предвидуваат проблеми, особено за оние кои се борат со читањето.

„Новите SAT ќе бидат усогласени подобро со она што децата го учат на училиште“, вели Нед Џонсон, основач на „PrepMatters“, услуги за подготовка на тест.

Иако тестот се развива, не се менува се`. Најпрво, делот за читање, повеќе нема да бара од учениците да ги комплетираат речениците. Сега тие ќе треба да го изведат значењето на широко користените зборови врз основа на контекстот. Експертите за тестови очекуваат зборови кои можат да бидат искористени на различни начини. Наместо потсетување на дефиниција на збор, учениците ќе треба да го прочитат внимателно пасусот за да изберат одговор.

Како студентите треба да се подготват за тестот? Со читање и анализирање на различни видови текстови, велат наставниците и менторите. Постојаното читање исто така може да помогне во делот за пишување, кој ќе бара продолжена концентрација. За да одговорите на прашањата како граматика, интерпукциски знаци и користење, студентите ќе треба да поминат преку пасусите кои се однесуваат на историјата, економијата и науката.

Дури и математичкиот дел ќе бара повеќе читање, со помалку прашања кои ќе се однесуваат на равенки. Некои инструкции ќе презентираат ист тип на ситуации од реалниот свет.

Додавањето на напредната математика, како што е тригонометријата, што значи дека тестот ќе покрива материјал од поголем број на лекции и предмети. Некои прашања ќе бараат знаење од статистиката, предмет што мал број на ученици го избираат во средно училиште. А бидејќи еден дел од математиката ќе забранува користење на калкулатор, студентите кои ги користат на час сега ќе треба да вежбаат решавање без нив.

Откако ќе ја поминат математиката, учениците ќе одлучат дали ќе пишуваат за есеј кој ќе има доста различни теми отколку денес. Барањата ќе бараат критичен одговор на специфичен аргумент. Така на пример, учениците ќе треба да пишуваат за лични искуства или пак задача: Прочитајте извадоци од говорот од 1967 година од Д-р Мартин Лутер Кинг и објаснете како тој користел докази, размислување и стилски елементи за поддржување на неговиот аргумент дека американската инволвираност во војната во Виетнам била неправедна.

Без оглед на другите измени, новите есеи ќе го доловуваат духот на новите тестови, што го потенцира значењето на доказите. Прашањата понатаму ќе бараат од студентите да наведат конкретни примери кои ги поддржуваат нивните одговори.

Со новите промери, лесно е да се заборави на работите што не се менуваат. Со 3 часа и 50 минути, тестот се`уште е долг и исцрпувачки. Покрај мерењето на знаењето на учениците, тестот ќе мери и какви се перформансите на учениците кога тие се под притисок во високо ризична ситуација.

Прашањето што секој ученик се прашува е: Дали новиот тест е потежок? Некои експерти инсистираат дека не е така, иако некои од студентите би можеле да се „сопнат“ во текот на читањето на долги пасуси, да заглават во математичките проблеми и прашања кои бараат повеќе чекори за постигнување на одговор.

Експертите очекуваат дека новиот тест ќе биде уште поголем предизвик за послабите ученици. За оние ученици кои ќе имаат одлични резултати и оценки, тестот ќе биде одлична можност да го покажат она што тие го знаат.

Џеј РОснер пак, се сомнева во промените и смета дека во основа тестот останува ист.

„Постои нов стил во изгледот на Шворлетот возилото, што нема никаква врска со перформансите - моторот е ист. Тестот ќе ја генерира истата хирерархија на оценувањето која постои и во сегашните тестови“, вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование