X
 08.07.2020 Живот

Од утре ќе се бара негативен тест за коронавирус за влез од Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина

Владата донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Ковид-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на земјава ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР-тест за коронавирус. Тој треба да е направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.

Дополнувањето на одлуката стапува во сила од утре, 9 јули.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот