X
 25.11.2015 Образование

Најдобрата наставничка на светот: Децата ќе ве слушаат ако им зборувате тивко

Ненси Атвел, најдобрата наставничка од Америка која годинава ја освои титулата Global Teacher Prize и еден милион долари, смета дека наставниците ќе привлечат поголемо внимание кај своите ученици, ако на часот им зборуваат тивко, наместо да зборуваат гласно и со викање.



Госпоѓа Атвел, парите што ги доби веднаш ги донирала. При неодамнешната посета на едно училиште во Лондон, рекла дека дел од паричната награда го донирала за поправка на училиштните бојлери.

„Имам се` што ми треба. Мојот автомобил вози, мојата хипотека е исплатена, но моето училиште и моите ученици немаат се` што им е потребно", рекла наставничката.

На часот во Лондон таа тивко и со трпение им зборувала на учениците кои седеле во круг. Им рекла на нејзините ученици да и` се обраќаат со нејзиното име.

Кога Атвел има проблем со некој ученик, му се приближува и го прашува, „Во што е проблемот? Треба да се посветиш на задачата и да престанеш да зборуваш". Понекогаш знае да биде строга. Исто така, таа има нешто што нејзините ученици го викаат „оној поглед" и тие од тој поглед се плашат.

На прашањето, што е она што го прави еден наставник добар, таа одговорила: „Не се работи за мојата посебност, ниту за мојата интуиција, туку за она што го знам за професионалните методи".

Атвел предупредува на образовните системи кои се ориентирани кон она што се наркува „претерано прескриптивен" курикулум. Таквиот пристап според неа би го ограничил опсегот на текстови кои учениците ги читаат. Со тоа би поминале премногу време фокусирајќи се на помалку текстови, само за да ги положат тестовите.

„Родителите почнаа да гледаат дека нивните деца се тестираат, наместо да се учат", вели Атвел за американските училишта.

На наставниците им порачува дека претераното фокусирање на тестирањата и курикулумот базиран на проаѓање на тест е депрофесионализација на учењето.

„Тоа не користи за ништо, освен што го уништува моралот меѓу наставниците. Затоа тие ја губат автономијата, способноста да реагираат на она што ги чини нивните ученици како индивидуи и на она што гледаат дека се случува во нивната училница", додава наставничката.

Инаку, годинава во потесниот круг за доделување на Global Teacher Prize, за првпат се најде и наставничка од Македонија, Весела Богдановиќ. Таа беше избрана во 50-те најдобри едукатори во светот.
Подготвил: Антонија Поповска Христов / antonija@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование