X
 27.01.2021 Забава

Наставничка од Вермонт стана славна поради ракавиците на Берни Сандерс

Џенифер Елис никогаш не го запознала сенаторот Берни Сандерс од Вермонт, но во моментов ужива во својата слава благодарение на ракавиците што му ги направи, а кои им го привлекоа вниманието на сите на инаугурацијата на Џо Бајден.

Оваа 42-годишна наставничка живеела мирен живот во градот Есекс до средата, кога како и секој друг ден, држела онлајн-часови. На оддалеченост од стотина километри, Бајден се подготвувал да стане претседател кога почнале да ѝ стигнуваат пораки на мобилниот во кои ја известувале дека Берни Сандерс ги носи нејзините ракавици.



Сега сите знаеме како изгледаат овие ракавици бидејќи фотографијата од Берни Сандерс на која се гледа дека ги носи стана интернет-сензација. Елис му ги испратила ракавиците како утеха кога изгубил на предизборите од Хилари Клинтон во 2016 година. Преку заеднички познајник, таа дознала дека му се допаднале и дека ги носел и порано, па му испратила уште 10 пара.



Изгледот на Берни Сандерс на инаугуруацијата стана интернет-хит и неговата фотографија беше искористена во повеќе фотомонтажи.

- Луѓето се многу духовити, а тоа е токму она што ни треба сега. За многумина ова е тешко време, многумина имале тешка година и им треба нешто да се насмеат - изјавила Елис.



Таа може многу да заработи бидејќи за само два дена добила 13 илјади е-пораки од луѓе што сакале да купат пар. Елис не успеала да ја задоволи побарувачката со својата стара машина за шиење и поради работата во училиштето, а вели и дека не го сака тоа бидејќи така би се уништила приказната. Таа им посакува секое добро на оние што сакаат да продаваат такви ракавици на интернет.



Некои веб-страници веќе продаваат ракавици за кои тврдат дека се идентични како оние на Елис и ги наплаќаат по 85 долари.

Извор: seebiz.eu
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава