X
 04.12.2015 Култура

"Жива библиотека" во Јавна соба


 
На 5-ти и 6-ти декември, од 15 до 19 часот, во просториите на Јавна Соба ќе се одржи отворен јавен настан „Жива библиотека”.

Жива Библиотека претставува иновативен концепт, кој воведува интерaкција меѓу луѓето како алатка за намалување на предрасудите и стереотипите во нашето општество. На овој настан се овозможува собир на луѓе кои сакаат да ја споделат својата приказна. Еден на еден, на неформален начин посетителите ќе имаат можност да ги постават своите љубопитни прашања.

Целта е да се зголеми меѓусебното разбирање и да се намалат предрасудите, се разбира секогаш преку забавен начин.

Во “Жива Библиотека” книгите се лица коишто со нивниот профил или нивното искуство претставуваат наслов на книга и тие ќе можат да бидат позајмени од посетителите односно читателите.

Во текот на четири часа, посетителите ќе можат да разговараат со книги што имаат интересни животни приказни. Покрај тоа, оваа година на полиците ќе ги најдете следниве книги: слепо лице, Ром – продавач на магазинот „Лице в лице”, лице со хендикеп, веган, лице со Даунов синдром, феминистка… Не ја пропуштајте можноста да разговарате со некоја од книгите и така да ги предизвикате своите сфаќања.

Пратете ги сите новости околу настанот на нивниот facebook event. https://www.facebook.com/events/174602516216903/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура