X
 14.12.2015 Образование

Работните места и заработката создадени само од алумните на Харвард и МИТ

Да се студира на „Харвард“ или на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) чини многу, но дипломците ги враќаат парите во поголемиот дел од случаите. А, се чини дека од нив заработува и целиот свет.


Двете високообразовни институции спровеле истражувања за бизнисите кои ги основале нивните алумни. Тие откриле дека нивните бизниси создале милиони работни места и трилиони долари. Истражувањето на „Харвард“ покажува дека 375.000-те живи алумни создале над 146.000 профитни или непрофитни бизниси кои отвориле над 20 милиони работни места кои создаваат заработка од 3,9 трилиони долари годишно.

Влијанието на Технолошкиот институт во Масачусетс се покажува преку 130.000-те алумни кои основале 30.200 активни компании и 4,6 милиони работни места кои создаваат заработка од 1,9 трилиони долари годишно.

Треба да се земе предвид дека во истражувањето на „Харвард“ се вклучени и бизнисмени кои студирале на универзитетот, но не дипломирале. Тука се Бил Гејтс и Марк Закерберг.

Универзитетот „Харвард“ го чува првото место и во волонтирањето. Имено, околу 116.000 алумни на универзитетот се вклучени во ненаква волонтерска активност, обично поврзана со образование, религија, влада, медицина или уметност.

Вкупно, овие алумни волонтираат 1,6 милиони часови месечно, што е еднакво на 6.600 работни места со полно работно време.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование