X
 26.02.2017 Живот

Претприемач нуди неограничен годишен одмор и процент од годишната заработка

Компанија за изработка на видео игри во Нов Зеланд на вработените од целиот свет им нуди неограничен платен одмор, удел во заработката на компанијата и потполно флексибилно работно време, пишува „The Guardian“.


Дин Хал, сопственикот на студиото за изработка на видео игри „Rocketwerkz“  одлучил својата компанија да ја смести во Дунедин во Нов Зеланд, местото каде што недвижностите се евтини и стартапите се дел од идентитетот на градот.

Работната атмосфера вклучува неограничен платен одмор и дел од заработката на компанијата. Откако локалните весници ја објавиле информацијата за неговата компанија, тој на „Facebook“ дневно добива 300 молби за работа.

Ваквите интересни методи во компанијата започнале да се применуваат од претходната година, како што се борбата против стрес во индустријата позната по долги и напорни работни денови, вработените можеле да се опуштат во друштво на мачки додека секој петок во попладневните часови можеле да се бават со спорт или да играат други игри.

Хал на ваков потег се одлучил затоа што смета дека вработените можат да дадат поголем придонес на компанијата кога во приватниот живот немаат поголеми проблеми.




Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот