X
 28.01.2016 Образование

Најпознатиот харвардски професор за образованието: Да бидеме поспецифични

Најпознатиот биолог и психолог на денешницава, Стивен Пинкер, е професор на „Харвард“ кој се занимава со повеќе области. Можеби најпознат е по неговата книга за учење странски јазици, во која тврди дека луѓето имаат вродена способност за учење комплексни јазици.


Пинкер има напишано книги и за начинот на работа на мозокот, за природата, за насилството... Него го читаат Насим Талеб, Бил Гејтс итн. Од него може да се научи многу и за образованието. Во една дискусија, Пинкер навел неколку работи кои, според него, треба да бидат карактеристики на квалитетното образование.

„Мислам дека може да бидеме поспецифични. Ми се чини дека образованите луѓе треба да знаат малку за праисторијата долга 13 милијарди години за нашиот вид и основните закони за физичкиот и жив свет, вклучувајќи ги нашите тела и мозоци. Тие треба да ја знаат човековата историја од почетокот на агрикултурата до сегашноста. Тие треба да бидат изложени на разновидноста на човековите култури, и на поголемите верни системи со кои тие наоѓаат смисол во нивните животи. Тие треба да знаат за клучните настани во човековата историја, вклучувајќи ги и грешките кои се надеваме дека нема да ги повториме. Тие треба да ги разберат принципите позади демократското водење и правилата за законите. Тие треба да знаат да ценат фиктивни дела и уметност како извори за естетско задоволство и како начин за препознавање на човековата состојба.

Освен ова знаење, либералното образование треба да создава навики за рационалност. Образованите луѓе треба да се способни за изразување комплицирани идеи на јасен начин. Тие треба да го ценат објективното знаење и да знаат да препознаат факт од суеверие или невистина. Тие треба да знаат како да размислуваат логички и статистички, одбегнувајќи ги предрасудите на кои неучениот човеков ум е ранлив. Тие треба да бидат свесни на несовршеноста на човекот, најмногу на сопствената и да веруваат дека луѓето кои не се согласуваат со нив не се глупави или злобни. Соодветно, тие треба да ја ценат вредноста на обидот за менување на умот со убедување наместо заплашување.

Верувам дека колку подлабоко општеството го негува ова знаење и начин на размислување, толку повеќе ќе цвета. Вербата дека ова може да се научи ме станува од кревет наутро. Поставувањето на основите за само четири години е возможен предизвик.“


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование