X
 26.12.2015 Наука

Пронајдена таблица за множење на Тесла која ќе им помогне на многу ученици

Абе Зука, уметник од американскиот град Феникс во локална антикварница сосема случајно открил оригинални цртежи од познатиот научник Никола Тесла.

 

тесла


Како што истакнуваат научниците, цртежите ја откриваат математичката мрежа на Тесла, односно претставуваат еден вид на таблица за множење, која нуди решение за многу досега неодговорени прашања во математиката.

Математичката мрежа на Тесла содржи таблица за множење, прости броеви, делење, сложени броеви и многу други елементи, а откако детално ќе се анализира, се открива нејзината едноставност. Абе Зука после откривањето на оригиналните цртежи на Тесла, тој му ги испратил на математичкиот експерт Џои Гретер, кој ги проучувал и дошол до заклучок дека станува збор за сензационално откритие.

Гретер тври дека техниката на Тесла треба да им се претстави на учениците од целиот свет бидејќи за брзо време ќе се реши нивната одбивност кон математиката. Математичката мрежа на Тесла прикажува спирала со 12 места, а овој број не е случаен кога станува збор за Никола Тесла. Годината има 12 месеци, има 12 инчи во стапка, 24 часа се во ден, а 12 е делив со 2,3,4 и 6, а на секои 12 броеви постои шанса 4 да се прости броеви.

 

тесла


Значењето на бројот 12 го потврдува и фактот дека таблицата за множење на Тесла настанала на 12.12.1912 година, а е позната и поговорката на големиот научник, во која вели дека клучевите за разбирањето на универзумот се всушност величенствените броеви 3,6 и 9.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука