X
 14.01.2016 Здравје

Третманите и помагалата се бесполезни - покажува истражување за болка во грбот

Болката во грбот е универзална. „Би биле необична личност доколку никогаш не сте имале болка во грбот“, вели Крис Маер, доктор и истражувач од Универзитетот во Сиднеј, Австралија.


Болката во долниот дел од грбот може да трае денови или години, сите третмани кои постојат за намалување на болката - ергономски столчиња, специјални чевли или појаси - не се ефикасни, покажува истражувањето на Маер.

Тој, заедно со колегите од Австралија и Бразил, сакале да дознаат дали постојат начини за намалување на појавата на болка во грбот кај луѓето. Од 21 истражувања спроведени низ светот, во кои учествувале над 30.000 учесници, истражувачите собрале податоци за да го добијат одговорот.

Тие откриле дека појасите и додатоците за чевли не помагаат во намалување или спречување на болката, но вежбањето дефинитивно го намалувало ризикот за повторување на болката за 25-40%. Не е битно ниту какво вежбање, сè додека е вежбање.

Маер открива и дека докторите многу почесто препорачуваат пасивни третмани наместо вежбање. Ова може да им даде лажна сигурност и да ги оддалечи од третмани кои навистина ќе им помогнат на луѓето кои имаат болка, посочува тој.

Овој факт покажува уште поголем проблем: Здравствената индустрија е насочена кон производи кои се продаваат, а вежбањето не е тоа.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје