Керин Тип е доста креативна мајка. Таа пронајде забавен начин како да ги научи нејзините деца хемија. Таа ја претворила класичната игра „Battleship“ во игра со периодниот систем на елементи.
Играчите мораат да заокружуваат редови на два, три, четири или пет елементи за да ги обележат нивните бродови. Потоа, тие играат со именување на координати. Целта е прво да се пронајдат елементите.
„Играта може да се игра и со деца кои воопшто не знаат ништо за периодниот систем. Мојата 8 годишна ќерка се`уште нема учено хемија, меѓутоа навистина уживаше во играта.