X
 01.04.2015 Технологија

Google Maps ви ја нуди играта Pacman

Со оглед на тоа што дојде први април, Google реши да се пошегува. Компанијата на нејзиниот Твитер профил вчера го објави интересен статус со кој индицира на играта Pacman.

 

1


Тоа значи дека сега можете да ја играте играта во Google maps.

Најлесниот начин да го направите тоа е да ја посетите страната Maps, да кликнете на малечката икона на Pacman која се наоѓа лево долу на екранот и да се подготвите на носталгијата.

Google ќе ја анализира вашата мапа и ќе ги искористи патиштата како нивоа. Ако локацијата не е соодветна за играње, тогаш Google ви овозможува да изберете нова област. Можете да кликнете „I'm feeling lucky“ за да бидете транспортирани во избраната област. Од таму можете да го контролирате вашиот жолт херој со тастатурата.

 

На мобилен телефон работите се малку покомплицирани - мора да решите неколку загатки од Google support page, за да го пронајдете сокриениот Pacman на специфична локација. Дури тогаш ќе можете да го видите копчето за Pacman кое ќе ви овозможи да играте.

 

3


Ова не е прв пат Google да додаде Pacman велигденско јајце; компанијата го додаде Pacman назад во 2010 година. Минатата година, Google додаде друга видео игра по повод први април.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија