X
 02.02.2016 Култура

Карл Јунг: Ако нешто сакаме да смениме кај детето, да се преиспитаме дали тоа не е нешто што треба да се смени кај нас

Карл Јунг бил швајцарски психијатар, основач на аналитичката психологија. Тој се смета за еден од најоригиналните мислители во дваесеттиот век. Тој барал одговори на прашања кои ги мачат луѓето во средниот период од животот - смислата на животот, религијата, верата и чувствата. Следуваат неговите најубави мисли.


„Пронајдете ми нормален човек и ќе ви го излечам.“

„Како што на телото му е потребна храна, и тоа не било која, туку таа која му се допаѓа, така и на душата ѝ е потребна смисла.“

„Исклучително убавата жена е извор на ужас. По правило, убавите жени се извор на ужасни разочарувања.“

„Најголемите и најзначајните проблеми во животот во суштина и не можат да се решат. Никогаш не можеме да ги решиме, туку само пораснеме.“

„Ние ништо не може да смениме, сè додека тоа не го прифатиме.“

„Психоневрозата е во суштина болест на душата која не нашла своја смисла.“

„Здравиот човек не ги мачи другите. Оние кои се мачени по принцип се претвораат во мачители.“

„Сè што нè иритира кај другите може да нè доведе до сфаќање на самите.“

„Таму кадешто владее љубовта, нема волја за владеење, а таму кадешто доминира силата, недостасува љубовта.“

„Најдобар начин да се избориме со мрачните страни на другите луѓе е подобро да ја запознаеме сопствената мрачна страна.“

„Твојата визија ќе стане јасна дури кога ќе погледнеш во своето срце. Кој гледа надвор од срцето, сонува. Кој гледа во срцето, се буди.“

„Ако еден човек не разбира друг човек, тој се стреми да го смета за лудак.“

„Ако нешто сакаме да смениме кај детето, да се преиспитаме дали тоа не е нешто што треба да се смени кај нас.“


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура