X
 10.02.2016 Култура

Сцената со Робин Вилијамс од Mrs Doubtfire која никој не ја видел

Помина над една година откако почина актерот и комедијант Робин Вилијамс. Неговиот лик продолжува да биде со нас преку филмовите кои ги направил.


Сега излезе ретка избришана сцена од еден од неговите најпопуларни филмови „Mrs. Doubtfire“. Тој ја покажува страната на таткото кој не може да ги гледа своите деца.

Иако на површината, филмот беше комедија и полн со смешни сцени, оваа избришана сцена ја покажува посериозната страна на филмот. Сцената нè потсетува на неверојатните актерски вештини на Робин Вилијамс - тој беше актер кој за секунда може да се претвори од крал на комедијата во драмски актер.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура