X
 11.08.2020 Култура

Најновиот документарец за Робин Вилијамс ги открива неговите последни денови и последната желба

Робин Вилијамс им донесе радост на многу обожаватели како еден од најдуховитите, најоригинални комичари во светот. Но, неговите последни денови биле „луда железница од надеж и очај“, според трејлерот за најновиот документарен филм наречен „Желбата на Робин“ (Robin's Wish), во кој неговата вдовица и колеги ја испитуваат болеста со која се соочувал Робин, а која била извор на неговото мачење.

Вилијамс се самоуби во 2014 година, на возраст од 63 години. Во филмот, оние што добро го познавале го нарекуваат гениј и воин, но чувствувале дека нешто еродира во него. По неговата смрт семејството открило дека неговата анксиозност и проблемите со менталното здравје биле предизвикани од невродегенеративно нарушување - деменција со Луи тела.

Филмот го истражува ова нарушување и болката што му ја предизвикало на Вилијамс.

Вдовицата на комичарот, Сузан Шнајдер Вилијамс, го одбрала насловот на филмот за да го одрази неговото наследство.

- Разговараме за тоа што сакаме да бидат нашите наследства во животот. Кога ќе биде време да си одиме од овој свет, кои чувства сакаме да ги предизвикаме кај луѓето. Без сомневање, Робин рече: „Сакам да им помагам на луѓето да се чувствуваат помалку исплашено“ - вели таа.

Шнајдер побарала помош од режисерот Тилор Норвуд за да го направи овој филм. Норвуд вели дека филмот директно ги прикажува последните денови на Вилијамс, помагајќи им на гледачите да ја разберат болката што ја чувствувал како што неговиот талент и вештини забрзано исчезнувале. Како во лицето на таа застрашувачка реалност бил многу повеќе херој, многу почувствителен од кој било лик што некогаш го глумел во неговите филмови.

- Се надевам дека овој филм ќе ги поправи работите и ќе го тргне облакот од неправда што висеше над неговото наследство многу долго време - вели тој.

Премиерата на филмот е закажана за 1 септември.



Извор: Cnet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура