Според последните податоци од Заводот за статистики, се забележува зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2015 во однос на декември 2014 година.
Најголеми зголемувања се забележани во секторите: Административни и помошни услужни дејности (11.0%), Уметност, забава и рекреација (6.1%) и Информации и комуникации (5.8%), но и на секторите: Стручни, научни и технички дејности (18.8%), Информации и комуникации (9.9%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (8.9%).
Во истиот месец, просечната нето-плата изнесувала
22.715 денари. Освен тоа, дознаваме и дека речиси
12.000 лица земаат плата над
50.000 денари. Потоа,
10.421 вработен имаат плата од
40.000 до 50.000 денари.
Од друга страна,
125.495 лица (29%) примаат просечна плата од нешто повеќе од
22.000 денари.
190.000 вработени добиваат плата од најмногу
14.000 денари. Минималната плата во Македонија изнесува 10.080 денари.
Највисоките месечни плати се во дејностите: Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (
54.316 денари), Воздухопловен транспорт (
50.312) и Правни и сметководствени дејности (
46.826).