X
 27.03.2022 Живот

Флексибилноста станува побитна од платата во работата, покажува нова анкета

Како што бројот на заразени со коронавирусот се намалува, многу канцеларии ги отвораат вратите и повторно ги повикуваат работниците да се вратат на начинот на работа кој се практикуваше пред пандемијата.

Но нова анкета спроведена од „Мајкрософт“ покажува дека многумина не сакаат да се вратат на старите начини на работа и дури се подготвени да се откажат од дел од платата за возврат. Во анкетата учествувале 31.000 луѓе од 31 земја и било откриено дека многу работници се прашуваат дали нивната работа вреди за трудот и парите.

Според анкетата, 53 отсто од испитаниците изјавиле дека повеќе ќе им даваат приоритет на здравјето и благосостојбата отколку на работата. Од оние испитаници од генерацијата Z и милениумците што не се задоволни од работата, над половина изјавиле дека сериозно размислуваат за промена на работното место.


Фото: Pixabay

Анкетата покажала и дека 18 отсто од испитаниците веќе дале отказ минатата година поради благосостојбата и флексибилноста. Платата била една од послабите причини зошто луѓето ги напуштале работните места.

Анкетата покажува драматична промена на пазарот на труд низ светот со рекорден број луѓе што ја напуштаат работата, честопати за работа која нуди поголема флексибилност. Поради ова, работодавците имаат поголеми проблеми да најдат работници, но и да ги зачуваат вработените.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот