X
 17.03.2016 Живот

Следува стабилно и потопло време, од средината на наредната седмица нови врнежи



Во Македонија во четврток уште едно постудено утро со утрински температури кои ќе се движат од -3 до 5 степени. Во утринските и претпладневните часови ќе има и појава на магла особено во крајните источни и североисточни како и во западните и северозападните предели. Во текот на денот умерено облачно со повремени сончеви периоди. Слаб ветер од променлив правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 5 до 15 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во четврток во утринските часови појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно а попладне и сончеви периоди. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 12 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
- Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, во попладневните часови во западните предели со услови за слаби врнежи од дожд. Максималните температури ќе се движат од 7 до 17 степени. Во деновите од викендот, односно во сабота и недела ќе можеме да уживаме во убавото време, претежно сончево и топло со дневни температури од 9 до 19 степени. Во понеделник зголемување на облачноста но и понатаму топло со максимални температури кои ќе се движат од 11 до 21 степени.

Пред нас е период на стабилно и топло време, искористете ги поволните временски услови, пред новиот бран на врнежи кои се очекуваат од средината на наредната седмица.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот