X
 22.01.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време не очекува до крајот на работната недела?

Во утринските часови ќе има појава на магла која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Минималните температури од 0 до 7 степени, а максималните температури ќе достигнат до 6 односно до 14 степени.



Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла која што ќе се задржи и претпладне. Попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна температура до 11 степени.

Во петок во Македонија ќе биде облачно со поинтензивни врнежи од дожд. Локално се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд. На планините над 1400 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува умерен источен и североисточен ветер. Утринските температури од 2 до 9 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 5 односно до 13 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот