X
 11.08.2016 Живот

Временска прогноза за наредните неколку денови

Денес е четврток, 11 август 2016 година, 224-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:33, а ќе зајде во 19:42 часот. Денот ќе трае 14 часа и 9 минути.

И денеска денот го започнуваме со сончево и топло утро. Насекаде во Македонија е сончево, а појава на слаба локална облачност има во источните предели.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста и продор на ладна и нестабилна воздушна маса од север, која што може да услови врнежи од дожд во северозападните, северните и североисточните предели, а во вечерните часови во југоисточните и источните предели проследени со засилен северозападен ветер. Во останатите предели ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Слаб ветер од променлив правец, а во вечерните часови долж Повардарието како и во источните и југоисточните предели ќе дува засилен северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 11 до 21 степен, а максималните температури од 25 односно до 36 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста и услови за слаби врнежи од дожд кои ќе бидат прорпратени со умерен северозападен ветер кој во вечерните часови ќе се засилува и ќе има брзина и до 30 км/ч. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна до 33 степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време со температури кои се пониски од просечните за овој приод од годината. Утринските од 10 до 19 степени, а максималните од 16 до 27 степени. Во сабота и недела по студените утра во текот на денот сончево и потопло. Утринските температури од 7 до 16 степени, додека пак дневните во сабота од 19 до 30 степени, а во недела од 21 до 32 степени. Во понеделник сончево и потопло време со максимални температури кои ќе достигнат до 24 односно до 35 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот