X
 18.03.2016 Образование

Oваа баба е доказ дека никогаш не сте премногу стари за да учите

Никогаш не сте премногу стари за да се вратите на училиште. Токму ова го докажува Колет Борлиер, 90 годишна Французинка која неодамна докторира.

 

баба


Борлиер, која за две недели треба да наполни 91 година, докторирала по географија - на нејзината теза работела во изминативе 30 години, на Универзитетот Франш-Комите во Безансон, источна Франција. Таа започнала да работи на докторатот откако се пензионирала во 1983 година.

„Ми беше потребно подолго време за да ја напишам тезата бидејќи правев паузи“, вели Борлер за нејзината теза која содржи 400 страни, од кои некои се рачно напишани.

Борлер ја презентираше тезата во период од два часа на факултетот. „Направив најдобро што можев, и мислам дека комисијата беше задоволна“, вели Колет. Во период од 30 години 3 советници ја разгледувале нејзината теза.

Таа доби висока оценка за нејзиниот труд, кој ја разработуваше темата за имигрантските работници во Безансон во втората половина на 20-от век. Таа вели дека се заинтересирала за темата откако започнала да им предава на имигранти.

Типичната програма за докторат во Франција трае три години. Нејзиниот професор, Серж Орма вели дека Колет е „исклучително нетипичен студент“ кој обрнува внимание на детали и додаде дека нејзиниот труд го трансцендира предметот на историја и има примена во економијата, политичките науки и социологијата.

„Веројатно таа е единствениот човек кој ги знае сите аспекти во такви детали и која можеше се` да поврзе заедно. Трудот го поткрепила со одлична статистичка анализа“, завршува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование