X
 28.11.2019 Образование

Македонско искуство во катарско училиште: Нема распоред на часови, наставата е со интеракција, а наградите секојдневие

По четири години разделени, семејството на скопјанката Анета Перевска конечно е заедно, во Доха, Катар. Преселбата во Доха била нивниот најголем и најтежок чекор во животот, но се покажал како најправилен.
- Сега јас, сопругот и двете деца ги уживаме благодатите на една развиена земја - од условите за работа, времето посветено на семејството, па сè до организираноста на системот, чиј дел е и образовниот, кој последните неколку години е меѓу најдобрите во светот - вели мајката Анета.
Токму за образовниот систем, кој во најголем дел се одвива во приватните и интернационалните училишта во Доха, се согласи да раскажува Анета. Таа вели дека се надева дека некој наставник или професор во Македонија ќе украде некоја корисна метода од катарските.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование