X
 27.12.2017 Живот

Какво време да очекуваме за новогодишната ноќ

Денес е среда, 27 декември 2017 година, 361-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:54, а ќе зајде во 16:14 часот. Денот ќе трае 9 часа и 20 минути.

Ова утро во Македонија имаме умерено облачно и топло време за овој период од годината. Повеќе сончеви периоди во овие утрински часови се очекуваат во источните и североисточните предели. По одделни котлини има појава на магла, а намалена видливост 50 – 100м поради магла има во околу Струга, Струмица, Неготино и Демир Капија.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и топло време. Ќе дува доумерен слаб југозападен и југоисточен ветер кој што ќе достигне брзина до 20 км/ч. Минималните температури од -4 до 2 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 6 односно до 14 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските и претпладневните часови ќе имаме појава на слаба магла и релативно топло време. Во текот на денот умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и дневна температура до 9 степени. Ќе дува доумерен јужен ветер.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во четврток и петок под влијание на поле на низок воздушен притисок дестабилизација на времето. Ќе биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд кои што ќе бидат проследени со засилен ветер. Во четврток над 1500 метри врнежите ќе бидат од снег, а во петок врнежите од снег ќе се спуштат над 800 метри надморска висина. Минималните температури од -1 до 6 односно од -2 до 5 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 5 до 13 односно од 3 до 12 степени. Во сабота и недела стабилно но и студено време. По студеното утро со утрински температури од -6 до 1 односно од -9 до -1 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и студено време со дневни температури кои што ќе се движат од -1 до 8 односно од 2 до 10 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во четврток и петок нестабилно време со врнежи од дожд и ветровито време со дневна температура до 9 односно до 8 степени. Во сабота и недела по студеното утро со утринска температура од -2 односно -4 степени во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и студено време со максимални 4 односно 6 степени.

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ - Според измерените податоци во 6 часот во Тетово, Скопје и Битола имаме високо ниво на загаденост на високот со висока концетрација на штетни пм 10 честички. Во Кичево, Куманово, Велес и Кавадарци средно ниво на загаденост. Во изминатите 24 часа насекаде имавме високо ниво на загаденост на воздухот, а највисоко количество на штетни пм 10 честички беа измерени во Битола 692 микрограми на метар кубен, Скопје со вредности од 135 до 577 (Лисиче 577, Ректорат 463, Центар 392, Карпош 384, Миладиновци 135), Кавадарци 474, Куманово 413, Велес 369 микрограми на метар кубен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот