X
 22.09.2018 Живот

Од понеделник голем пад на дневната температура

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 25 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 31 степен.

До понеделник продолжува периодот на стабилно, суво и топло време за овој период од годината.

Од понеделник кон крајот на денот ќе настапи значителна промена на времето која во наредните денови ќе услови зголемена облачност, повремени врнежи од дожд, засилен северен ветер и опаѓање на дневната температура во поголем дел од земјава за повеќе од 10 степени

(миа)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот