X
 24.03.2016 Живот

Супер интересни гости на новото издание на Бизнис кафе Македонија... Не пропуштајте!



На 31-ви март во кафе бар Стоби од 18:00 часот ќе се одржи 15-тото по ред Бизнис кафе Македонија.

Гости на настанот ќе бидат: Г- дин Филип Ачкоски – Регионален менаџер за Македонија, Бугарија, Албанија и Косово во хрватската фармацевтска компанија PrarmaS, Г-ѓа Ира Стефанов Бабиќ – Ко – сопственик и директор на Brand Union, Г- а Мартина Димоска – најдобар македонски студент, најмлад иновативен научник и најмлад N.A.S.A ментор за 2015 г,и Г-динот Пеце Ацев – Водител и PR, co – fоunder на Рековинст АБ.

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици – претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење. Учесниците на бизнис кафето добиваат ЕДЕН пијалок (кафе, вода или сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се по цена од 300 денари.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот