Во денешниот свет кога секој брза, се исплаќа човек да е продуктивен. Ова значи дека треба да управувате со времето одлично и да се погрижите работата да ви биде организирана. Ова се некои од најдобрите Andorid апликации кои би можеле да го менаџираат вашето време и со нив да станете продуктивна личност.

„Kingosft Office“ - Ако сакате апликација која не само што може да отвора „Microsoft Office“ документи, и да ги изменува, тогаш оваа апликација е вистинската за вас. Поддржува 23 различни видови документи, а поддржува сервиси како „Google Drive“ и „Dropbox“.
„Astrid Tasks“ - Ако сакате нешто кое е комбинација меѓу менаџер на задачи, листа за работи кои треба да ги правите и личен асистент, тогаш „Astrid Tasks“ е апликацијата за вас. Со оваа апликација можете да создавате потсетници, листи, задачи и се` останато.
„Springpad“ - Соработката е нешто што повеќето луѓе го бараат во една апликација за продуктивност. „Springpad“ на пример, е најдобар вид на ваква апликација која ви овозможува да ги организирате работите во белешки. Исто така, апликацијата ви овозможува да зачувувате статии, фотогафии, баркодови, говорни пораки и места.
„Remember the milk“ - Апликацијата ви овозможува да создавате задачи и да им ги доделувате на членовите од тимот. Покрај тоа, можете да создавате датуми, тагови и слично.