Во канцелариите на „Toutiao“ тешко е да се каже дека сте во близина на Пекинг, а не во срцето на Силициумската долина.
Ѕидовите се украсени со стилски графити, и секако, вообичаените бенефиции: соба за игри, фитнес и раскошна кафитерија.
Компанијата стои позади мегапопуларната апликација за вести наречена „Toutiao“ која има околу 600 милиони корисници во Кина, со повеќе од 60 милиони активни корисници дневно. Компанијата поголем дел од приходите ги добива од реклами, кои се прилагодени за интересите на корисниците.
Матичната компанија на „Toutiao“, „Bytedance“ порасна со драматична стапка. Во 2014 година оваа компанија беше вредна 500 милиони долари, меѓутоа денес, таа вреди повеќе од 10 милијарди долари.
Успехот на „
Toutiao“ во голем дел се должи на машината за учење со цел да се откријат интересите и вкусовите на корисниците и нивното прилагодување со цел да добијат повеќе кликови. И „Facebook“ и „Twitter“ користат вакви машини за да ги пренасочат препораките, меѓутоа тие повеќе се потпираат на социјалните врски.
Кога ќе ја отворите апликацијата, ќе видите прилив на постови, кои се движат од сериозни вести до симпатични видео клипови. Колку повеќе кликнувате, толку повеќе „Toutiao“ учи за вашите вкусови и интереси и ги редефинира своите препораки.
„Toutiao“ прв пат била создадена во 2012 година од Зенг Јиминг, 33 годишен претприемач.
Во наредните години, компанијата има за цел да развие повеќе сервиси за вештачка интелигенција, па да се прошири на меѓународно ниво. Крајната цел е да стане онлајн содржина број еден во светот, која ќе ги надмине и „Twitter“ и „Facebook“ како и „New York Times“ и „Buzzfeed“ на нивните сопствени пазари.
„Сакаме да ги искористиме машините за учење за да ги сфатиме коментарите и вестите. Мисијата на компанијата е да ги надмине границите на машините за учење и вештачката интелигенција и да ги пренесе тоа во производ“, велат од компанијата.
„Toutiao“ има неколку начини за идентификација на лажните вести. Во Кина ова главно се состои од лажни и сомнителни препораки за здравје. За да се избегнат лажните вести, се користи комбинација на човечки рецензенти заедно со автоматска анализа на мислења и коментари во врска со нив.
Жи Танг, професор на Чингуа Универзитетот во Кина, кој ја проучува дифузијата на информациите и динамиката на социјалните мрежи, вели дека како што „Toutiao“ станува се` повеќе популарна, ќе стане доста важно да прави препораки кои се точни и релевантни. Тој вели дека компанијата треба да генерира повеќе од своите содржини. „На секој човек потребно му е нешто ново“, вели тој.
„Toutiao“ веќе работи на ова. покрај тоа што ја поврзува надворешната содржина, голем дел од мислењата и видеата доаѓаат од оние кои директно постираат на платформата. Меѓу корисниците се и владини агенции и познати личности.
„Bytedance“ исто така нуди апликација на англиски јазик наречена „TopBuzz“. Идната стратегија на оваа компанија ќе вклучува инвестирање во неа и партнерство со локалните медиумски компании.
Целта на компанијата е да се прошири меѓународно. „Многу од нашите лекции кои ги научивме можат да бидат искористени за нашите меѓународни производи. Изградивме најголема платформа за содржина. Ова е нашето оружје“, велат од компанијата.