X
 03.03.2015 Технологија

Научете како бесплатно да програмирате роботи

Сакате да научите да програмирате роботика? Доколку вашиот одговор е да, продолжете да читате.

 

робот


Станува збор за сосема нова иницијатива на апликација за роботи наречена „Turtlebot“. Со оваа апликација, секој човек може бесплатно да научи роботика. „Turtlebot“ ви помага да изградите сопствен робот кој ќе може да шета низ вашиот дом, и кој ќе биде доволно моќен да создаде возбудлива апликација и да гледа во 3D.

Компанијата неодамна објави дека состави 30 онлајн туторијали, а овој туторијал подолу има за цел да ги научи луѓето како да го користат ROS (Robot Operating System), кој е еден од водечките софтвери со отворен код за програмирање на роботи.

Компанијата вели дека туторијалите се дизајнирани за луѓе со средно образовно ниво, такашто ќе бидат потребни четири или пет денови за да се научи.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија