X
 16.04.2016 Живот

Компанија која на вработените им дава слободен ден поради "Game of thrones"

1


Креативната технолошка агенција „+rehabstudio“ која работи за клиенти вклучувајќи го и „Google“, „Starbucks“ и „Disney“ им дава на своите вработени слободен половина ден после премиерата на првата епизода од секоја нова сезона на „Game of thrones“, за да можат соодветно да се одморат.

„На целиот тим му дадовме слободно утро после премиерата на секоја нова сезона, бидејќи е единствениот фер начин“, пишуваат тие. Основачот Тим Роџерс вели дека реакцијата на вработените е неверојатна.

 

2


„Имаме огромни фанови на серијата во канцеларијата. Дел од вработените прашуваат дали ова може да се префрли и на други серии како на пример „The Walking dead“ со што за нас е сосема во ред“, вели Роџерс.

Освен деталите за слобоото утро за сите вработени од компанијата, правилото предупредува: „Се потсетува американскиот персонал да не споделува спојлери на интранет се` додека серијата не се емитува во Велика Британија“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот