X
 16.01.2023 Економија

Вработените во „Мајкрософт“ ќе имаат неограничен годишен одмор

Технолошката компанија „Мајкрософт“ на своите вработени им дава неограничен годишен одмор. Вработените биле известени за ова во електронска порака, а мерката ќе се применува за сите вработени во САД.

Неограничениот годишен одмор е популарна алатка за привлекување и задржување таленти во повеќе сектори кои се соочуваат со недостиг на кадар.

- Начинот како, кога и каде ја завршуваме својата работа драматично се промени. И додека се трансформиравме, модернизацијата на нашата политика за годишен одмор на пофлексибилен модел беше природен следен чекор - напишала Кетлин Хоган, директорка за човечки ресурси во компанијата, во електронската порака до вработените.

Досега вработените во „Мајкрософт“ во САД добиваа четири седмици годишен одмор. Меѓутоа, отсега ќе можат да земат неограничен годишен одмор. Освен тоа, вработените не работат на 10 празници, имаат право на боледување и отсуство за ментално здравје, како и должност за учество во порота. Вработените што не го искористуваат годишниот одмор добиваат еднократна исплата.

Меѓутоа, вработените што се платени по час или не живеат во САД нема да имаат право на неограничен годишен одмор.

„Сејлсфорс“, „Линкдин“ и други технолошки компании нудат слични опции за неограничен годишен одмор за вработените.

Извор: Geek
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија