X
 19.04.2016 Технологија

Програма која треба веднаш да ја избришете ако ја имате на вашиот компјутер

programa

 

Ако на вашиот компјутер со „Windows“ оперативен систем имате инсталирано „QuickTime“, треба да го отстраните што е можно побрзо.


„QuickTime“ е мултимедијален „player“ создаден од „Apple“. Тој служи за репродукција на видео, аудио и фото датотеки, а за прв пат се појави на „Mac“ компјутерите во 1991 година. Но, истражувачите од „Zero-Day Initiative“ открија две штетни работи кои оваа програма може да му ги направи на компјутерот.

Едната се однесува на „moov atom“, а другата на начинот на кој тој се обработува. И двете штетни појави се доста слични.

Последиците со кои може да се соочи вашиот компјутер се доста опасни. Може да се случи без ваше знаење компјутерот да се поврзе на штетна веб страна или да инсталира штетна програма. Со оглед на тоа што не постои решение за оваа програма, па затоа најдобро би било да ја избришете.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија