X
 18.01.2016 Технологија

ИТ професии за кои има голема побарувачка

Во 2016 година, голем број критични технолошки позиции ќе останат во побарувачка. Апетитот за технолошки професионалци со безбедносна експертиза ќе продолжи да расте.

 

технологија


На врвот на листата се наоѓаат девелопери на софтвери - клучна улога во било која компанија која развива системи за технологија. Поради тоа што девелоперите на софтвери се во висока побарувачка, работодавците ќе имаат проблем да ги задржат на нивните работни места. Најдобрите софтверски професионалци сакаат да водат креативни и иновативни проекти, а работодавците ќе треба да им ги обезбедат овие проекти.

Безбедносните улоги се меѓу топ трите во однос на важноста. Со нарушувањето на безбедноста и хакирањето на системите, јасно е дека на компаниите им е потребно зголемување на нивото на безбедност, а за тоа да го направат потребен им е вистинскиот талент. Позицијата за безбедносни професионалци се зголемува од година во година.

Побарувачката за мобилна технологија исто така расте, со што се` повеќе компании се обидуваат да добијат и мобилна верзија и да создадат мобилни апликации. Мобилните девелопери и технолошките професионалци се критичниот дел од овој ит-екосистем, а побарувачката на овие видови на професии ја рефлектира важноста на нивната улога.

Полето за технолошки позиции е неверојатно конкурентно, истакнувајќи го предизвикот при пополнување на работните места и задржување на талентот. Платата и позицијата се критичните стимулации, но аспектите на задоволството од работата како домот, патувањето и рамнотежата меѓу животот и работата се исто толку важни. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија