X
 08.05.2016 Живот

На бизнис кафе со Жаре од 1на1... Бројот на карти е ограничен!

Наредниот четврток на 12 мај, со почеток од 18:00 часот во кафе-бар Стоби (ГТЦ) во Скопје ќе се одржи новото 16-то по ред издание на најпрестижниот бизнис-нетворкинг настан кај нас “Бизнис Кафе Македонија“.



Посетителите овојпат ќе имаат можност да се запознаат со тројца исклучително истакнати професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата, да чујат за нивните професионални ангажмани и да научат од разно-разните деловни искуства.


Гости на настанот ќе бидат :

Жарко Димитриоски – популарна македонска медиумска личност, најпозната по многубројните ТВ проекти. Димитровски е автор,извршен продуцент и креативен директор на маркетинг агенцијата и ток шоуто Еден на Еден. Агенцијата со која раководи е првиот и засега единствен официјален YouTube партнер во Македонија.

Ангелка Пеева Лауренчиќ – еден од пионирите во комуникациската индустрија во Македонија, редовно вбројувана меѓу македонските топ менаџери и највлијателни бизнис жени. Повеќе од 10 години раководи со една од водечките ПР агенции во земјава Имиџ ПР, работејќи на комуникациски проекти за најголемите македонски брендови.

Борјан Колемишевски – еден од најпознатите маркетинг професионалци во Македонија со богато работно искуство во повеќе македонски топ компании.

“Бизнис Кафе Македонија” обично трае 2 часа во кои првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици – претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, а потоа следува делот за бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.

Главен покровител на 16-тото по ред издание на Бизнис Кафе Македонија е Агенцијата за истражување и стратегиски маркетинг Insider ID.

Учесниците на бизнис кафето добиваат еден пијалок (кафе, вода или сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

Карти за настанот може да се купат online преку “Купи карти за се“ на следниов ЛИНК, или на фактура со претходна резервација на: katerina@mkbizniskafe.com

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот