X
 21.05.2016 Култура

Кралицата Елизабета ги открива најголемите затворски реформи во Велика Британија

britanija

 

Во амбициозен обид најавен како „најголемата промена на затворите уште од Викторијанско доба“, британската кралица Елизабета во средата ги претстави владините предлози да им обезбеди поголема слобода на локалните гувернери на затворите и да ја поттикне употребата на технологијата која би им помогнала на затворениците подобро да се поврзат со нивните семејства.


После неколку децениска политика за тешките криминали, реформите на затворениците им обезбедуваат iPad-и и пристап до Skype со цел подобро да се поврзат со своите пријатели и семејствата. Со тоа се докажува дека затворите не се само места за казна, туку и институции кои даваат можност за рехабилитација.

Со помагање на криминалците да се подобрат и повторно да се прилагодат во општеството, преку обезбедување програми и поттикнување на контакт со семејството и пријателите, им се помага да се одвратат од извршување на иден криминал. Овие реформи се спроведени во земји како Норвешка и Америка.

Иако британската влада не соопшти како точно ќе одговори на загриженоста за безбедност, и трошоците за обезбедување на интернет пристап до затворениците, адвокатите велат дека дозволата за одржување контакт со надворешниот свет е клучен чекор кај затворениците да се прилагодат во општеството.

„За нас, еден под проблемите е тоа што луѓето се оддалечени од семејството, а семејството е најважно во целиот процес“, вели Алекс Хјусон, директор за комуникации.

Планот на владата исто така вклучува пилот програмата да користи GPS систем за следење кој ќе им овозможи на затворениците да работат или да се образуваат во текот на работните денови.

„Многу долго време оставивме нашите затвори да се распаѓаат. Не само што не го зајакнува циклусот на криминалот, туку и ги зголемува сметките кои даночните обврзници мораат да ги соберат“, вели премиерот Дејвид Камерон.

Планот на британската влада ќе им овозможи на мала група на шест затвори во Лондон да постави програми за образование, рехабилитација, семејни посети како и програми за работа на индивидуална основа. Овие напори исто така, ќе бидат во комбинација со планот да се создадат статистички податоци за стапката на повторување на делото.

Целта е затворите повеќе да не бидат толку деструктивни, со што на затворениците ќе им се даде можност да работат кон нивно ослободување. Тие ќе бидат способни да воспостават врски со работодавците, и да напредуваат во однос на обука и вештини. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура