X
 12.04.2018 Технологија

Колку заработуваат сајбер-криминалците во Британија

Сајбер-криминалците заработуваат и до два милиона евра годишно, односно исто како извршен директор на некоја поголема компанија, покажуваат резултатите од студијата спроведена од страна на компанијата за безбедност на интернет „Бромиум“.

Еден сајбер-криминалец во Британија неделно троши по две илјади фунти на проститутки, друг троши повеќе од милион евра на скапи спортски автомобили и казина во Лас Вегас. Просечните хакери заработуваат нешто помалку од милион евра годишно, а почетната плата во сајбер-криминалот е околу 50 илјади евра.


Според студијата направена од страна на Универзитетот „Суреј“, сајбер-криминалците се многу професионални и ја копираат структурата на легитимните технолошки компании, како Uber и Airbnb.

Најинтересно во целата приказна е што криминалците ретко одговараат пред законот бидејќи се виртуелно невидливи, а еден од најголемите предизвици за властите е да фатат професионален хакер.

Фото: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија