X
 27.06.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во текот на оваа недела?



Денес е понеделник, 27 јуни 2016 година, 179-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:56, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 19 минути.

Ова утро во Македонија имаме претежно сончево и топло време. Во југоисточните предели има појава на облачност која во наредните неколку часа ќе се намалува.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес претпладне ќе биде претежно сончево и топло. Попладне во северозападните, западните, југозападните и крајните североисточни предели со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици, а во вечерните часови и во текот на ноќта врнежи се очекуваат и во централните и југоисточните предели. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 13 до 22 степени, додека пак максималните дневни ќе се движат од 24 односно до 35 степени. УВ индексот 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне нестабилно со услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна до 34 степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА:
Во Македонија во вторник претежно сончево со локална облачност, попладне во северозападните, западните и југозападните предели како и во крајните источни предели нестабилно со услови за врнежи од дожд. Дневните температури од 22 до 32 степени. Во среда и четврток стабилизација на времето, сончево и топло со температури од 24 до 34 степени во среда, односно од 26 до 36 степени во четврток. Во петок претежно сончево со локална облачност и топло со дневни температури од 27 до 37 степени, локално постојат услови за слаби врнежи од дожд.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот