X
 03.05.2024 Живот

Непотребните информации ја оптоваруваат психата и го „голтаат“ времето. Како да се заштитите?

Информациите ни се неопходни за нашето секојдневно функционирање, но како и во сѐ, не е добро ниту кога ги има многу ниту кога ги има малку.

Сите сме забележале како понекогаш информациите ни одземаат време, па дури и влијаат врз нашето расположение. Нормално е дека некои лоши информации ќе ни го расипат денот, но премногу информации што не ни се навистина важни можат да влијаат врз квалитетот на животот и организацијата на времето, пишува „Еклиника“.

Информации или знаење

Премногу информации на компјутерот на крајот ќе доведат до расипување на уредот, а луѓето функционираат на ист начин. Невозможно е истовремено да читате книга, да слушате музика и да гледате филм бидејќи на крајот сигурно нема да знаете што сте читале, слушале или гледале. Се чини дека живееме во време кога сме преплавени со информации придружено со сè послабо знаење и свест за она што го знаеме и она што не го знаеме.

Контрола на примањето на информации

Информациите важни за работата или организацијата на семејниот живот ни се неопходни, но има и ситуации кога некои информации не се толку важни. Неважните информации на социјалните мрежи или следење 120 епизоди од серијата можат да ни го одземат времето што би можеле да го поминеме со пријателите и семејството.

Ограничете се на основните информации, но и ограничете го времето поминато пред екран. Ограничете се на читање на информациите само 30 минути. Консултирајте се само со суштински и квалитетни извори на информации.

Ограничете ги известувањата што ги добивате, а пред да отворите нешто, запрашајте се дали некоја информација е навистина важна за вас. Наскоро ќе видите дека животот е возможен без да знаете што направил некој синоќа и што појадувал.

Извор: Eklinika
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот